Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла бидермаерот на свадба? Со години се верува дека онаа девојка која ќе го фати цвеќето ќе има среќа и следна ќе стапне на лудиот камен.
Она што е помалку познато е дека во минатото луѓето верувале дека треба да ја допрат невестата за да имаат среќа, да и скинат дел од венчаницата или велот. Сепак, за ова да не се случува се појавила традицијата невестата да го фрла бидермаерот.
За среќа, сите се воодушевени од ова, па и денес е останато на секаде низ светот како традиција.