Аеродромот во германскиот град Хамбург е евакуиран во недела откако пожарникарите биле повикани на помош заради наводите дека најмалку 50 луѓе има проблеми со дишењето.
Алармот на аеродромот е објавен претпладне, кога неколку луѓе пријавиле дека чувствуваат чудни мириси и се пожалиле на проблеми со дишењето.
Пожарникарите веднаш стигнале, а спасувачките служби ги евакуирале луѓето од аеродромскиот простор што се наоѓа меѓу терминалите 1 и 2, упатувајќи ги патниците и вработените на аеродромот да користат друг паркинг.