6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дрес од најбрзиот човек на Олимписките игри во Токио продаден за 100.000 долари

Дресот со бројот 466 кој атлетичарот од Нов Зеланд, Питер Снел го носел на ОИ во Токио во 1964 година, кога освоил златни медали на трките на 800 и 1.500 метри, бил продаден на аукција за сума од 100.000 долари (88.200 евра).

dres

Дресот во оригиналното издание има црна боја, малку е искинат, со дамки и со бројот 466, а купувач е националниот музеј на Нов Зеланд.

„Ваков предмет многу кажува за нашата историја и историјата на нашиот спорт“, рекол Рик Елис, директор на музејот.

„Малку е смешно. Го купив за најмногу сто долари“, изјавил за новозеландското радио поранешниот шампион Снел, кој сега има 77 години и живее во САД.

Инаку, Питер Снел, четири години пред Токио на ОИ во Рим во 1960 година, на 21-годишна возраст, освои злато на трката на 800 метри. Веднаш по ОИ во Токио, тогаш 26-годишниот Снел решил да се пензионира.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.