Иако во неколку наврати водевме со 5 голови разлика, иако имавме и пенал за реми по истекот на времето, сепак на крајот загубивме од Чешка со 1 гол, 24:25.
Поразот ги елиминира нашите шанси за полуфинале, и сега најмногу што можеме е да бидеме трети во групата.
Во последната минута се тргна со реми. Кашпарек им донесе на противниците 24:25, а во следниот долг напад не упативме удар кон голот на Мрква.
Чесите згрешија, ние тргнавме во контранапад. Манасков биеше во последните секунди, а судиите по прегледувањето на снимката досудија пенал, што левото крило не го реализираше и победата остана за Чешка, 24:25.
Tension match from minute one until the final whistle. The Czech Republic won by a goal to the Macedonian team in front of a full pavilion in Varazdin.
Watch the best moments again!
#MKDCZE ?? vs ?? pic.twitter.com/CYwF61t4ME— EHF EURO (@EHFEURO) January 23, 2018
Извор: 24Rakomet.mk