Драган Вучиќ веќе дваесет години наназад е еден од најголемите шоумени кај нас. Вучиќ е “мозокот” на емисиите во кои таленти ги претставуваат своите музички интерпретаторски вештини. Тој ги смисли ваквите емисии со “Вашите 5 минути”. Гранд продукција подоцна го копираше.
Вучиќ имал отесекогаш “њух” за расположението на гледачите. По музичките шоуа, тој се префрли на квизови и долги години, секој ден приредуваше лесни квизови, а притоа делеше награди од спонзори. Секако, повторно имаше најгледани емисии.
Најнов проект му е на 1ТВ, каде во автобус на ЈСП ги реализира своите емисии, интервјуа со познати личности од естрадата. Повторно, неговиот термин е ударен.
Драган Вучиќ пред неколку години престојуваше во Турција и успеа да направи интервјуа со речиси сите актери од најгледаните турски серии.

Извор: Балкан – прочитајте ОВДЕ