Според информациите на досие.мк лицето Горан Атанасовски без знаци на живот било пронајдено во Нерези од неговите колеги од програмерска компанија.
Од МВР потврдија само дека Атанасовски е исчезнат, но не откриваат повеќе детали.
Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со рег. СК-3104-АО. Облечен е во кошула и панталони.
Доколку имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.