Фотографија досега непозната за јавноста објави пејачката Андријана Јаневска. На неа може да се видат Тоше Проески кој на раменици ја носи Андријана и Каролина Гочева до нив.
-Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше, напиша Андријана.
Taa додавe дека добила дозвола од Каролина и семејството на Тоше за објава на сликата.