Бидејќи нечистата кожа е во тесна поврзаност со недостигот на витамин Б, оваа намирница е совршено решение бидејќи е богата токму со тој витамин. Освен што ја чисти, квасецот ја регенерира сувата и оштетена кожа, ги смирува воспаленијата и ја намалува појавата на брчки.
А за оваа маска потребни ви се само две состојки: квасец и сок од лимон, и тоа е сè!
Измешајте 20 грама квасец во прав со две лажици сок од лимон. Садот во кој сте ги измешале овие две состојки ставете го во друг поголем сад кој претходно сте го наполниле со врела вода и оставете да отстои така две до три минути. Потоа, нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да отстои 20-тина минути. На крајот, исплакнете го лицето со топла вода и нанесете хидратантен крем. Маската може да се нанесува 2-3 пати во неделата.