Сигурно нема ништо полошо од дамка вино или храна на вашата бела облека? Но, постојат неколку едноставни трикови кои домаќинките си ги споделуваат меѓусебно на Фејсбук, со чија помош ќе отстраните тврдокорни дамки и облеката повторно ќе биде бисерно бела.
Станува збор за неколку методи кои се едноставни а многу ефикасни. Во тоа се состои нивната генијалност. „Јас пробав, пробајте и вие, нема да бидете разочарани“, напишала една жена.
1.Сода бикарбона
Натопете ги алиштата во смеса од 4 литри вода и 1 чаша сода бикарбона. За неколку часа ќе забележите како се враќа нивната примарна боја која станува поинтензивна.
2.Оцет и лимон
Ова е уште една генијална мешавина за отстранување на дамки од облеката – помешајте ги двете состојки во еднаков однос со својот детергент и исперете ги алиштата вообичаено.
3.Аспирин
Здробете 6 аспирини и додадете ги во садот со вода каде ќе ги киснете алиштата 30 минути. Исперете ги вообичаено и дамките ќе исчезнат.