Како животот би изгледал доколку на сите им е совршен? Се прашувам. Сите се плашиме од грешки и бегаме од нив, дури и без да сфатиме дека една мала грешка може да ни даде повеќе од успех.
Треба да разберете едно нешто. Грешките се научени лекции кои не учи животот и некој кој е над нас. Вратете се назад во минатото, исповедајте се дека сте направиле големи грешки и би биле среќни да се вратите во минатото за да ги исправите. Но, има и такви што мислат “и што ме научија овие глупави грешки – ништо”
Како што не знаете што овие грешки ве научиле, не знаете како функционира вашата потсвест која управува со доброто мнозинство од вашиот живот. Па дури и оние грешки кои не знаете како потсвесно влијаеле на вашиот ум, ве научиле нешто без да го забележите тоа.
Другата работа што треба да знаеме е дека животот ни дава колку можеме да поднесеме. Секоја болка и разочарување што сте го доживеале – од секоја од нив станувате посилна, нели? Грди и тажни сеќавања на болка, но овие спомени не зајакнаат и нема ништо лошто во тоа да се изгради посилен став.
Дали оставивте долгогодишен партнер за кој мислевте дека е вашата сродна душа? Или сеуште мислите дека тоа е вашата сродна душа? Не! Тоа беше личност која мораше да те научи на губење на драги личности и тоа во никој случај не беше твоја сродна душа. А сродна душа никогаш нема да те остави, сетете се на тоа.
Твоја драга личност го изгуби животот? Тоа е најлошото нешто на што нашиот живот може да не научи, но највредно. Бидејќи секој човек поминува низ него, никој не го занемарува тоа, сите ние имаме ист крај, и со загубата на овој човек мора да научиме да се носиме. Ги губиме другите, другите нѐ губат нас. За 150 години, никој од нас кои во моментов живееме на земјата ќе биде жив, и ова е вистински и неизбежен факт. И затоа има некој над нас, кој ќе нѐ поддржува во сето ова и ќе научиме да бидеме посилни за нешто друго што следува.