6 C
Skopje
среда, септември 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Дознајте на кои делови од телото треба да се нанесува парфемот за подолго да трае

    Веројатно како повеќето луѓе, парфемот го нанесувате на вратот и на зглобовите од рацете, но тука мирисот не се задржува подолго. Експертите открија каде треба да се нанесува доколку сакате подолготраен мирис.

    Папокот

    Иако звучи лудо, ставање парфем на папокот е најдобар начин да го раширите неговиот мирис, затоа што од него секогаш се шири топлина поради пулсот.

    Бедрата и зглобовите

    Колку и бизарно да звучи, ставање парфем на бедрата и зглобовите летно време, ќе направи парфемот да мириса двојно подобро. Мирисот дополнително се засилува додека одите затоа што со триење на нозете се шири и топлина, а со тоа и мирисот.

    На врвот од ушите

    Со години е познато дека парфемот се нанесува зад ушите, но експертите велат дека парфемот ќе биде подолготраен ако се стави на врвот на ушите.

    Коса

    Мирисите влегуваат во влакната, поради тоа парфемот на косата ќе биде подолготраен. Исто така, парфемот ќе се налепи на кој било производ кој го користите по миењето ан косата.

    Лакт

    Пулсот се чувствува и на внатрешната страна од лактот, па поради тоа е идеално место за нанесување парфем. Доколку кожата е хидратизирана ефектот ќе биде подобар.

    Зад коленото

    Вените овде се поблиску до кожата, тоа е место кое секогаш е топло и нежно, па е идеално за нанесување парфем во лето.

    Стапалата

    Нанесување парфем на нозете не само што е освежувачки, туку и шири мирис на секој чекор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.