Медицинската сестра објави фотографија на четири улични кучиња , кои го чекаат својот сопственик пред вратата на болницата.
,, Во болницата каде што работам во три часот наутро , додека нивниот сопственик , бездомник, беше на лекување,неговото друштво чекаше надвор. Едноставна личност , без луксуз, личност која зависи од туѓа помош за да ги надмение гладот , студот, болката и злото на светот покрај себе има најдобро друштво, а размената е взаемна. Размена на љубов , топлина и разборање. Личност која ни призна дека самиот гладува за да ги нахрани нив. Не знам каков му е животот , но му се восхитувам на почитта и љубовта што ги има кон овие кучиња.”
Фотографијата доби за еден ден 130 000 лајкови,а 80 000 низ целиот свет ја споделија трогателната објава на медицинската сестра.