Ракометарите на Македонија очекуваат да заврши средбата меѓу Словенија и Шпанија за да истрчаат на теренот и да влезат во битка за бодови со кои ќе се доближат до полуфиналето на Европското првенство. Додека чекаат да дојде терминот за загревање една одлична вест за сите фанови.
Кире Лазаров е подготвен за настап, но ќе игра само доколку биде потребно да настапи. Докторите успеаја да го оспособат, но нема да се ризикува со неговото играње по секоја цена, па затоа денеска ќе треба да помогнат и другите играчи за да му овозможат да одмори и да биде уште подобро подготвен за утрешниот меч против селекцијата на Данска.
Инаку, Лазаров допатува директно од Загреб каде што денеска му беа направени нови дополнителни прегледи. Информациите се позитивни, па се очекува само да дојде почетокот на средбата и да може да тргнат работите кон правецот кој сите го посакуваме.
Извор: 24Rakomet.mk