На човек во Хрватска (Сплит) му стигнало предупредување од телеком по пошта да плати износ од 0,00 куни.
Спорната опомена има дури и рок за плаќање. Таква сметка добил човек кој е воедно и писател и сатиричар, па одлучил да се пошегува со човечка глупост, објави Слободна Далмација.
Човекот го прераскажал и дијалогот кога отишол да го плати спорната сметка:
– Добар ден, би сакал да ја платам сметката. – Повелете, – Еве, – Вие мене ме зае..те
– Не, дали тука пишува дека треба да се плати до тој датум. Ако не ми заверите дека сум постапил по налогот тие може ова да го имаат во евиденција и да се даде на понатамошна обработка, а тогаш би имало големи трошоци.
– Па, се гледа дека е нула, – Не го гледа тоа секој. – А, кој покрај здрави очи не би видел? – Па, тие кои ми ја испратиле уплатницата – Па, тие мора да ви го испратат ова заради евиденција, – Тогаш вие удрете печат дека сум платил, – Шефееее…