Ако некој ви каже дека студентскиот живот е фантастичен, само насмевнете му се и споделете некој ваков виц… Без многу објаснување.
1.Доаѓа богат студент на испит на факултет и професорот му поставува прашање:
– Каде е фрлена првата атомска бомба? Овој нема појма и му подава 500 евра… и нормално положува.
Утредента доаѓа сиромашен студент на истиот испит.
– Каде е фрлена првата атомска бомба?
– Хирошима и Нагасаки.
– Кога?
– 1945
– Колку луѓе загинале?
– 3 милиони!
– Имиња колега, дајте ми имиња.
2. Студент ветеринар оди на испит. Професорот му покажува половина покриен кафез, во кој се гледаат само нозе на некоја птица.
Професорот прашува: Која е оваа птица?
Студентот: Не знам!
Професорот: Вашето име?
Студентот ги подига панталоните до коленици и вели: Погодете!
3. – Знаете ли вие колега, што е воопшто колоквиум?
– Да професоре. Тоа е кога двајца разумни луѓе разговараат.
– Точно. А, што ако едниот од нив е будала… Што тогаш?
– Тогаш овој вториов паѓа на испитот.