Музичкиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот издавач.
Неговиот издавач, Диана Барон, објави дека семејството на 28-годишниот диџеј е потресено и побара да се почитува нивната приватност. Нема детаљи за причината за смртта.
Шведската музичка ѕвезда имаше неколку хитови кои се искачија високо на ранг-листите, а има соработки и со изведувачи како Мадона и Колдплеј.
Авичи се бореше со здравствени проблеми во минатото, при што во 2014 година му беа отстранети жолчното кесе и слепото црево. Тој го објави своето пензионирање од турнеите во 2016 година, делумно поради здравствените проблеми.