Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека оние го поддржуваат договорот за името се наоѓаат на вистинската страна од историјата.
Во изјава за француската новинска агенција АФП, Димитров изрази верување дека и оние кои во моментов го критикуваат преспанскиот договор, најпосле ќе го променат ставот.
Министерот предупреди дека доколку ЕУ не ги почне преговорите за членство со Македонија, ќе има пад на кредибилитетот на целиот пристапен процес.
Македонскиот парламент го ратификуваше договорот на 11 јануари, а доцна вечерва се очекува договорот да биде ратификуван и во грчкиот законодавен дом. Според пишувањата на грчките медиуми, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го има обезбедено потребниот број гласови за договорот да добие зелено светло.