Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од денеска до петок ќе престојува во Турција, соопшти прес-службата на МНР.
За време на посетата, Димитров покрај со својот турски колега, Мевљут Чавушоглу, предвидено е да оствари средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.
Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на мислења за повеќе актуелни регионални прашања. Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.