До 10 часот на гласање излегле 4,45 отсто од запишаните гласачи или 32 лица во гласачкото место 2901 во општина Чаир, каде денеска се прегласува за градоначалник, соопшти Државната изборна комисија.

Според портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска, гласањето започнало навреме и се одвива непрекинато.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.