Миранда Бејкер, 18-годишна студентка преку ноќ станала ѕвезда на друштвените мрежи поради начинот на кој го оставила момчето со кое излегувала нешто повеќе од еден месец.
-Откако синоќа ме нарече одвратна, успешно изгубив 90 килограми – објавила Миранда на Твитер, алудирајќи на момчето со кое излегувала.
-Ми рече дека сум се однесувала одвратно и непривлечно, а еден час подоцна ми се јави да му се извинам што сум го оставила. Не сакав да се извинам затоа што тој ме нарече одвратна и непривлечна – рекла Миранда.
Нејзината објава за кратко време собрала повеќе од 420 лајкови и 57 илјади споделувања.