Универзитетска Клиника за детски болести денес соопшти дека двете деца кои вчера беа пронајдени заклучени во автомобил во Ново Лисиче, биле донесени во свесна состојба.
Децата, 7 годишно девојче и момче на возраст од четири години, биле донесени во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полиција.
– Во моментот на прием децата оддаваа впечаток на запуштени деца, беа валкани во нечисти алишта. Беа донесени во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани,свесни со уредни витални параметри, велат од Клиниката.
Дечињата се испишуваат од болницата во добра здравствена состојба.
Дознаваме дека таткото ги оставил децата за да оди на забава, а тие се разбудиле од спиење и плачеле до дехидрирање. Силниот плач ги растревожил други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош, по што веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница.
Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.
Инаку станува збор за разведени родители, а децата биле кај таткото на еден ден.