Осумнааесетгодишната Милаос Марфи од Даблин за Дејли Мејл раскажала како на почетокот на оваа година ќерка стоејќи во својата кујна. Тврди дека немала поима дека е трудна додека детето „не се лизнало низ нејзините фаремрки“.
Младата трудница цела вечер ја болело стомак и повраќа, мислела дека има воспаление на слепото црево и на нејзината мајка и кажала дека треба да повика лекар.
И мајката мислела дека се работи за болест се додека на девојката не и пукнал воденикот.
Бебето било родено предремено во 26-та недела од бременоста, а малечката тежела само 458 грама.. Бебето минало три месеци во инкубатор. Неодамна било пуштено дома и сега има 3,6 килограми, потполно е здраво. За неа се грижи и младиот татко Џејмс Малиган, кој се преселил во куќата на Милаоис.
-Веројатно сум почувствувала дека детето се мрда, но бидејќи претходно не сум била бремена тоа го препишував на проблемите со стомакот.
Детето го родила на под во кујна додека нејзината мајка ја смирувала. Најлошиот шок бил кога бебето после почетниот плач престанало да дише. Нејзината мајка останала доволно смирена и ја оживувала внуката додека не дошла брзата помош.
-Бев шокирана што не можев да кажам ниту збор. Цел ден бев во бунило и тек следното утро стварно сфатив дека сум станала мајка, раскажува тинејџерката.
Таа додала дека и проработел мајчинскиот инстикт што ја видела ќерката. Веднаш го повикав и моето момче да му ја кажам неверојатната вест.
Адриен Форан, неонатолот во болницата Ротунда во Даблин кажала дека Харпер била помала од пакет шеќер. За среќа, добро се опоравила и се извлекла од критичниот период.
Милаоис запишала пауза во училиште и се грижи за ќерката, но планира да матурира идната година.
-Лудо е колку моето дете ме прави среќно. Таа е толку силно бебе, вели младата мајка.