Во мирна рурарна провинција Нова Шкотска, на истокот на Канада, на брегот на Атлантикот, изминатиот викенд се случи крваво злосторство . Убиени се 23 лица, а по повеќечасовни крвопролевање убиен е и напаѓачот, забен техничар Габриел Вортман.
Драмата започнала во саботата навечер, во доцните вечерни часови по локално време.
Се стравува дека има повеќе жртви, бидејќи Вортман најмалку 12 часа убивал, маскиран како полицаец, подметнувал пожари и убивал луѓе, една од жртвите е полицајка, мајка на две деца.
Вортман се движел со автомобил кој личел на полициски и убивал луѓе на неколку различни локации.
Преплашени луѓето за време на ноќта се криеле во подрумите, а властите на крајот апелирале да се седи дома и да се заклучат вратите.
Медиумите наведуваат дека Вортман им ѕвонел на врата околу 20:30 часот, па потоа пукал во нив, а на крајот ги палел куќите.
Една од запалените куќи е и неговата, а првите две жртви биле неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.
После масакрот во Портпик, убиецот бегал со автомобилот, па дури после 12 часа потрага полицијата го стигнала на бензиска пумпа во Ирвинг.
„Денес е фатален ден за Нова Шкотска и тоа ќе го паметиме уште многу години“, рече Ли Бергерман, командант на полиција (РЦМП) на Нова Шкотска, во неделата попладне. Меѓу жртвите е и нивниот член, кој работи во РЦМП веќе 23 години.
„Две деца ја изгубија својата мајка, а мажот, својата сопшруга“ рекол тој.
Се наведува и дека меѓу жртвите е една учителка, брачен пар, а убиена е и медицинска сестра, а нејзината ќерка на фејсбук напишала „Монструм денес ми ја уби мајката“.
Премиерот на Нова Шкотска, Стивен Мекнил изрази жалење и сочуство до семејствата и го карактеризираше нападот како еден од најбесмислените чинови на насилство во историјата на провинцијата.
„Кога синоќа отидов на спиење, не можев ни да замислам дека ќе се разбудам со вакви ужасни вести“ рекол тој.