Сакаше да го промениш

На почетокот ти се допаѓаше се на него. А потоа со тек на времето си открила дека би можел да го промени однесувањето на маса, дека почесто треба да се бричи, дека половина работи во шкафот му се погрешени… Додека ти се обидуваш да го смениш, тој ќе те замени тебе со некоја друга, која нема да бара промени кај него.

Често те боли глава

Ова можеби е најголема грешка која жената може да ја направи во врската или во бракот, да одбива секс.

ОК, понекогаш навистина ќе те заболи глава, но тие чести мигрени од ништо предизвикани нема кај него да предизвикаат жалење, туку нагон да побара жена од посилен материјал. Градници, подвезици, високи потпетици во кревет… не се резервирани само за првите месеци од врската. Обновете ја колекцијата, изненадете го во автомобилот… за да не ве изненади тој вас и тоа непријатно.

Го знаеш како својот џеб

Ако е така, тој брзо ќе излезе од тој тесен простор кој го притиска. Мажите ги сакаат своите ѕидови и не се труди да ги урнеш. Пушти го, доброволно ќе ги руши со темпо кое најмногу му одговара. Не брзај, така ќе ти биде поинтересно и на тебе.

Ожени ме

Долга врска е релативен поим. За некои тоа се шест месеци, за некои се шест години. Ако сакаш брак и деца, мора внимателно да балансираш меѓу своите намери и неговиот страв дека бурмата на раката ќе го стега и околу вратот. Ако немаш трпение, оди сама. Нема да го добиеш она што си го барала, но ќе добиеш празен простор за некој нов маж кој го сака истото што и ти.

Тој секогаш е во право

Убаво е што имаш такт и што си подготвена на компромис, но кога ќе дојде до искри меѓу вас двајца, кажи што ти пречи. Достоинството е најпривлечно од сите особини.

Секогаш си достапна

Тоа значи и дека си потенцијално досадна. Мажите се ловци, а помил е тој плен до кој тешко се доаѓа. Ако ти не спаѓаш во таквите, бргу ќе те откачи меѓу останатите трофеи и ќе појде во нов поход…

Ти не си таа вистинската

Не се само жените оптимистички суштества. И мажите сакаат да носат розеви очила на почетокот на врската. Кога ќе ги симне, не можеш да му ги вратиш со сила. Не, не. Главата горе и продолжи понатаму.

Ти загорел ручекот

Нема да те остави поради еден невкусен ручек, дури ни по една година гладување. Ќе те остави тогаш кога ќе сфати дека воопшто не се трудиш околу него, а подготвувањето на храна е само еден од начините на некого да му покажеш колку го сакаш. Мажите тоа никогаш нема да го признаат, но тие сакаат некој да се грижи за нив, нежно и внимателно, исто како мајка. Значи, пеглата во раце, или барем собери ги кошулите и однеси ги на хемиско чистење.

Љубоморна си

Ти кажува за новата супер колешка, за сосетката од приземјето, о… Да, твојот аларм за љубомора има причина да се вклучи, но не и да ѕвони без прекин. Куче кое лае не каса, освен ако му ја земеш коската.

Приговараш

Приговарањето потешко му паѓа од тоа ако си потрошила половина плата на нови чевли. Затоа, оди во шопинг наместо да му забележуваш зошто не направил ова или она и што наравил вака наместо така…