6 C
Skopje
сабота, март 2, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Десетици илјади Полјаци на погребот на убиениот градоначалник

    Десетици илјади Полјаци се собраа вечетва во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник на овој град, Павел Адамович.

    Погребното возило кое го носело ковчегот на Адамович го претеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.

    На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.

    Претходно денес околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.

    Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.