Денеска, во 12 часот, во грчкиот парламент почнува расправата за недоверба на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, која е свикана токму по негово барање, а треба да заврши утре со гласање во парламентот.
Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, викендов соопшти дека грчкиот премиер Алексис Ципрас му испратил допис во кој го известува дека има намера да побара обновување на довербата од парламентот.
Расправата за гласање недоверба треба да почне два дена по доставеното барање, а да не трае повеќе од три дена, објавија грчките медиуми.
По оставката на колицискиот партнер и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, побара гласање недоверба. Kаменос поднесе оставка во неделата и неговата партија ја напушта грчката влада. Преспанскиот договор беше клучната разлика помеѓу коалициските партнери, а Каменос истакна дека со Ципрас не успеале да ги надминат разликите за ова прашање.
Преспанскиот договор помина во македонското Собрание, а следен чекор е ратификувањето во парламентот во Грција.