Вечерва се одржува 15 по ред протест „1 од 5 милиони“ во Белград, а насобраните граѓани од пред факултетот, тргнаа низ централните белградски улици, по што ја блокираа зградата на РТС, па внатре влегоа лидерот на Двери и една од организаторките, кои бараат гостување во „Дневникот“.
Тие се препирале со дежурниот уредник да влезат во кабинетот каде се емитува „Дневникот“.
На лице место стигнала и полиција.
Претходно, на насобраните граѓани им се обрати драматургот Синиша Ковачевиќ, кој рече дека дошол да ги повика, „не на прошетка, туку на марш за слобода“.
„Добивме талог од власта, Божја казна од власта. Ако не кажеме доста, ќе останеме само ние старците, а во старечките домови деца не се раѓаат. Драги пријатели, доста беше, а на 13 април ќе покажеме колку не има. Што е тоа што ние бараме: нешто малку правда и нешто многу слобода“, рече Ковачевиќ.
Пред Филозофскиот факултет беа и некои претставници на опозицијата како претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ, Никола Јовановиќ, Зоран Лутовац, , а граѓаните носеа транспаренти со пораки „Сакаме дрвја, не гондола“, „Шетаме за поздрава природа и општество“.
Inside Serbian public broadcaster RTS, anti-govt demonstrators are gathered on the first floor.
Police are in the building, but no confrontations have been confirmed.#1od5miliona pic.twitter.com/VMkrmBs5ug
— Balkan Insight (@BalkanInsight) March 16, 2019