Застрашувачка ситуација се случила во австралијанскиот остров Мортон на кој семејството Петигру заминало на кампување.
Во текот на ноќта, додека спиела во шаторот, 9-годишната Габи Петигру ја разбула страшна болка во рацете, а кога ги отворила очите, видела огромна змија која и се замотала околу раката стегајќи ја се посилно. Упсеала да изговори само „помош“ на што нејзиниот татко реагирал, кој со тешки маки ја спасил. – Се сеќавам дека се пробудив и останав во шок кога ја здогледав змијата околу својата рака. Ми ја притиснуваше раката и беше ужасно тешка, но не ме болеше толку додека не ме гризна, раскажла Габи.
На своја среќа, нејзиниот татко реагирал навистина херојски и почнал да се бори со змијата без да го фати паника.
– Што повеќе се обидував дека ја тргнам од раката се посилно гризеше. Не знаев што да направам па ја фатив за вилицата и едноставно ја отворив, се присетил нејзиниот татко кој во таа борба со змијата исто бил повреден. За среќа питоните не се отровни, па поминале само со полесни повреди и психичка траума.