Деведесет и двегодишна Американка е обвинета дека со огнено оружје го застрелала својот 72-годишен син, поради неговите планови да ја смести во дом за стари лица, идеја која очигледно не и се допаднала. Старицата е уапсена под сомнение за убиство, соопшти полицијата.
Ана Меј Блесинг (92) била уапсена во понеделникот во нејзиниот дом во предградие на Феникс, кој таа го делела со нејзиниот син, а одредена и е кауција во висина од 500.000 долари, соопштија судски претставници.
За време на краткото појавување пред судот, таа не поднела жалба во однос на обвинението и не е јасно дали ќе го задржи адвокатот кој и го одредила државата.
Блеснинг пред полициските инспектори рекла дека имала два пиштола скриени во џебовите од облеката и дека во спалната соба на синот испукала неколку куршуми кон него, се наведува во соопштението на шерифот од округот Марикопа.
Осомничената исто така кажала дека имала намера да пука и во 57-годишната девојка на нејзиниот син, но таа успеала да и го одземе оружјето.
Блесинг седела во фотелја кога полицајците дошле и ја зеле во притвор бидејќи одбивала да ја напушти куќата.
Старицата во полициската станица ги открила и причините за инцидентот. Таа објаснила дека нејзиниот син планирал да ја стави во дом затоа што му станало тешко да живее со неа.
Пиштолите со кои пукала Блесинг, не биле користени повеќе од 50 години.