Вистинска катастрофа доживеа Фенербахче против Басконија, во последниот натпревар од шестото коло во Евролигата. По ова коло ЦСКА остана единствениот тим со максимален учинок, додека Галатасарај ја забележа првата победа.
Басконија го декласира Фенербахче, кој го одигра најлошиот натпревар во ертата на тренерот Жељко Обрадовиќ. Басконија одигра одлична одбрана, ги лимитираше гостите на само 23 поени во првото полувреме, а во текот на целиот меч им овозможија да погодат само 26 отсто од обидите за два и три поени.
Ларкин, Барњани и Војтман постигнаа по 13 поени во победата на Басконија 86:52. Кај Фенербахче ниту еден играч не постигна двоцифрен број на поени, а со девет кошеви најефикасен беше Слукас.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ оигра нешто помалку од десет минути и постиггна четири поени (0/1 за два, 1/3 за три).
ЦСКА победи во дербито на колото против Реал 91:90. Европскиот првак водеше во поголемиот дел од натпреварот но во завршницата Де Коло со една неразбирлива грешка им овозможи на гостите да изборат продолженија, но Љуљ не погоди тројка, а Мачиулис го постави конечниот резултат.
Де Коло со 28 поени ја предводеше ЦСКА до шеста победа.
Галатасарај против Олимпијакос ја запиша првата сезонска победа во Евролигата. Турскиот тим славеше 89:87, а победата ја обезбеди во последните 40 секунди со поените на Гулер и Мицов.