Понекогаш навистина имаме потреба да следиме некого, особено ако добро се снаоѓа во првите борбени редови и чии зборови и акции не се „празна слама“.
Зодијакот укажува дека два знаци отскокнуваат како потенцијални предводници: Овенот и Јарецот. Тие се родени лидери, авторитетни, а со тоа и особено способни и знаат од своите подредени да го извлечат максимумот. И тие имаат по некоја маана, но се чини дека ништо не може да ги спречи на патот кон успехот – но само кога тие ќе го намислат тоа!
Најизразени црти на лидер поседува Овенот. Главна карактеристика му е динамичноста, еланот и креативноста, но најголем проблем често претставува неговата тврдоглавост, промена на расположение и раздразливоста. Припадниците на овој знак се многу јасни во нивните барања и ги поттикнуваат нивните вработени да го дадат најдоброто од себе, но со своите непромислени изјави можат да ги понижат и повредат. Оние кои се слични на нив имаат добар однос, но повлечените работници ги доживуваат ваквите шефови како ноќен кошмар.
Поради својата доминантна природа, Јарецот е роден за позицијата шеф! Тој преферира ред, работа и дисциплина, па ужива да дели совети и да ги обучува своите вработени. Не се плашат дека ќе ја загубат позицијата бидејќи се уверени дека се незаменливи, што дури е и можно поради нивната работохоличарска природа. Главна карактеристика им е способноста да го извлечат најдоброто од другите, како и да се изборат за подобра плата за сите, а маани им се тврдоглавоста, нечувствителноста и уверението дека само тие го знаат најдоброто.