6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Два сандаци со рачни бомби исчезнаа од магацин во Црна Гора

    Од воен магацин во Брезовик, кај Никшич, исчезнаа два сандаци со рачни бомби, потврди црногорското Министерство за одбрана.

    Како што беше соопштено, војската ги прегледала сите магацини со оружје на територијата на Црна Гора.

    Од магацинот во Брезовик, во кој се сместени средства што не ги презеле трети лица, на пописот било востановено дека недостигаат два сандаци со рачни бомби од типот М75. Црногорското Министерство за одбрана за тоа ги известило надлежните органи што го истражуваат случајот.

    Обвинителството, полицијата и воената полиција го истражуваат случајот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.