Царинско-граничната патрола на САД (ЦГП) притворила претходно осудени и депортирани сексуални престапници-педофили кога се обиделе да ја преминат границата меѓу САД и Мексико, со еден караван со нелегални мигранти, пренесува „Дејли колер“.
Камерите на ЦГП забележала група од 24 лица кои се обидувале да ја преминат границата нелегално, недалеку од влезот во Сан Луис. Групата веднаш се предала кога се појавиле агентите на ЦГП.
Кога ЦГП ги проверил идентитетите на мигрантите, откриле дека еден од нив е Маркос Веласкез-Таперио (37) од Гватемала, кој претходно бил в затвор во Канзас во 2009 година за сексуален престап и депортиран откако поминал 32 месеци в затвор. Сега ќе биде обвинет за повторно влегување во САД по депортацијата.
Претходно бил приведен и Вилфредо Перез-Агијар, уште еден силувач на деца од Гватемала, кој бил осуден за сексуална злоупотреба и силување на малолетник помал од 12 години во Кентаки во 2005 година. Агијар бил уапсен во понеделникот обидувајќи се да ја премине границата во Јужна Калифорнија.