Атланта и Шарлот во текот на изминатата ноќ реализираа интересен „трејд“, во кој најзвучно име е центарот Двајт Хауард.
Двајт Хауард по само една сезона во Атланта го напушта тимот и кариерата ќе ја продолжи во Шарлот Хорнетс.
Во замена за Хауард, Атланта ги доби Мајл Палмли, Марко Белинели и 41. пик на овогодишниот драфт. Шарлот, покрај Хауард, ќе го добијат и 31. пик на драфтот.
Сопственикот на Шарлот, Мајкл Џордан, му ја исполни желбата на тренерот Стив Клифорд и го донесе Хауард во тимот.
Клифорд и Хауард соработуваа успешно во Орландо во 2009 година, кога тој му беше помошник на Стен Ван Ганди. Орландо во 2009 година играше во финалето во НБА лигата.