6 C
Skopje
среда, март 29, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    Пеце „Cуперхикс“: Два дена молчам, но решив да проговорам што му се случи на мојот син, родители внимаваjте со

    Статус на Петар Младеновски: „Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. прифаќајте или враќајте повикот, бидејќи сметката...

    Доктор: Мора да го направите ова ако се разбудите помеѓу 1 и 3 часот наутро

    Системскиот недостаток на доволно сон има негативно влијание врз нашето здравје и нашата секојдневна активност на работа и во слободното време. „Несоницата може да...

    Да не се залажуваме дека сме средна класа… Живееме за сметки и храна

    Еве која е најголемата трагедија со која се соочуваме, покрај нели, многуте трагични ситуации на денешницата – оној момент кога барате пари од мама и тато.

    Да појаснам, одамна не сте веќе студент и сте вработени. Еве ја уште поголемата трагедија, работите не една, туку две работи. Не живеете некој екстравагантен живот, не купувате некоја скапа облека, возите нормален автомобил на плин.

    Најголемиот луксуз е еднаш месечно одење во театар или кино. На излегување пиете максимум 3 пијачки, јадете нормална храна, пазарувате во поевтините маркети, ги загледувате цените на детергентите за чистење и омекнувачите за алишта, во потрага по нешто што нема баснословна цена како пола килограм телешко месо.

    Да резимираме, телешкото месо е луксуз. Знаеме колку е здраво и корисно, но оди купувај го секоја недела. Нема проблем.

    Среќни сме ако си дозволиме еднаш годишно скромен одмор. Не скијаме, не бордаме, не живееме живот со забави на кои сите мора да сме облечени во бело. Не купуваме скапи парфеми, затоа што еден чини колку четвртина од месечната плата.

    Живееме нормален живот самозалажувајќи се дека сме средната класа, а вистината е дека и покрај сиот труд и вниманието кое го посветуваме да не плискаме пари на глупости, ние сме задолжени до гуша, кој со потрошувачко кредитче, кој со кредитна картичка, кој со минусот од плата, а кој со трите.

    Ние сме сиромашни, тоа е вистината.

    Не може еден непланиран трошок како дупната гума, расипана машина или два родендени во месецот, да нè исфрлат од колосек и да се тресеме како ќе го скрпиме месецот. Не е фер да живееме само за едни сметки и храна. Што се случува со остатокот од животот?

    Смогнуваш сили, немаш што да подголтнеш, бидејќи гордоста одамна ти е веќе згазена, потонала некаде со твоите тинејџерски амбиции и соништа за светла иднина. Родителите како да се на готовс, толку добро те познаваат, веќе ти читаат од очите каде е проблемот.

    Нивната безусловна љубов доаѓа во многу облици, позајмувањето пари е најчест феномен во мојата држава.

    Ќе ви ги вратам, изустуваш додека ти доаѓа да заплачеш од мака. Додека срцето ти се корне, тонеш во земја од срам, од тоа што се чувствуваш како неуспех на деценијата, на векот. Џабе работи, џабе не седи.

    Како може ништо да не ти останува на крајот од месецот? Каде е грешката? Немаш некои особено скапи чизми или чанти или парфемите, каде побогу летаат тие проклети пари?

    Не се грижи сине, ние за што сме тука? Мама и тато ти се насмевнуваат, сакаат по секоја цена да ти ја стоплат душичката и да ти ги растераат грижите.

    И нас така ни помагаа родителите, ти мислиш ние сами сме можеле? (мала бела лага).

    Никој не може сè сам, затоа сме ние тука. Ехеее, па ние како го купивме станот, ако не беа нашите да ни помагаат (уште една мала бела лага, бидејќи моите сами го отплатија станот до последниот денар, платен со солзи, крв и неспиење). Не грижете се, додека сме ние тука, ќе помагаме, и ова секако ќе ви остане вам…

    Го испиваме кафето, се поздравуваме. Парите в џеб, јас тргнувам. Додека се слевам со реалноста на улица, само се прашувам – што ќе им оставам јас на моите деца?

    Извор: Crnobelo.com

    Latest Posts

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    Пеце „Cуперхикс“: Два дена молчам, но решив да проговорам што му се случи на мојот син, родители внимаваjте со

    Статус на Петар Младеновски: „Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. прифаќајте или враќајте повикот, бидејќи сметката...

    Доктор: Мора да го направите ова ако се разбудите помеѓу 1 и 3 часот наутро

    Системскиот недостаток на доволно сон има негативно влијание врз нашето здравје и нашата секојдневна активност на работа и во слободното време. „Несоницата може да...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.