Акција која ни влеа надеж и за момент ни ги стопли срцата. Група на добри луѓе од дијаспората во Чикаго само-иницијативно презедоа акција и креираа кампања за собирање на парични средства за лекувањето на Лука.
За само 12 дена соберени се над 15 000$. Јавно им се заблагодарувам на сите тие добри луѓе кои се вклучија во акцијата и донираа.
Воедно апелирам и до останатите од дијаспората насекаде низ светот кај што не има, да ни подадат рака и се вклучат во кампањата.
Преку оваа кампања сега има можност брзо и лесно да се донира од секаде во светот.
Однапред им благодарам на сите добри луѓе кои ќе ни помогнат да го вратиме видот на нашиот Лука и да има детство какво што заслужува секое дете.
За Лука можете да донирате на овој ЛИНК