6 C
Skopje
сабота, септември 23, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Дали носот ви е црвен – не е случајност, откриено зошто тоа се случува

    Црвенило на лицето не се предизвикува едниствено од студ, тоа може да биде знак за разни болести, за кои мора брзо да се реагира.

    Главни причини кои предизвикуваат црвенило:

    • изложеност на ладно;
    • болести на желудникот;
    • возбуда
    • болест на тироидната жлезда;
    • алкохолизам

    Но, постојат и случаи при црвенило на носот кога е потребно лекување.

    Особено е потребно да се обрне внимание на тоа дали симптомите се манифестираат кај децата. Црвенило на кожата, се разбира, не припаѓа на групата на смртоносни болести, но сепак потребно е да побарате совет од доктор.

    Додека во минатото црвените образи претставувале знак за добро здравје, во денешно време тие претставуваат естетски проблем кој ја намалува самодовербата и затоа бара соодветен третман. Еден од најчестите причинители за ова црвенило кое не поминува е една кожна болест позната под името розацеа.

    Што претставува розацеата?

    Поимот розацеа означува една хронична незаразна дерматоза карактеристична за лицевата регија. Таа честопати има неразјаснета етиологија и е тешка за лекување. Розацеата е чест проблем во популацијата со застапеност од некаде едно на десет лица и почесто се јавува кај жените по 30-годишна возраст. Иако секој може да го има овој проблем, тој почесто се јавува кај лицата со светол тен.

    Како се манифестира?

    Розацеата е хронична повторувачка дерматоза со периодично менување на периодите на подобрување и влошување на симптомите. Таа се развива во неколку стадиуми со сé поголемо влошување на клиничката слика во секој од нив. Најчесто е зафатена средната третина на лицето, и тоа носот и образите, но во одредени случаи може да се прошири и да ги зафати и очите и челото. Се манифестира со појава на црвенило (периодично или трајно) кое се јавува во налети со чувство на топлина и пецкање на лицето, подоцна појава на црвени чворчиња или гнојаници, потенки или пошироки проширени капилари (телеангиектазии) на образите и во краен стадиум со разраснување на сврзното ткиво особено во пределот на носот кај мажи со негово деформирање, познато под името ринофима. Доколку се прошири кон очите може да се јави сувост, пецкање, оток на капаците и инфекција (конјунктивитис) со солзење, печење и преосетливост на сонце.

    Од значење е големото влијание на оваа болест врз психолошкиот и социјалниот живот на болните со розацеа. Студиите спроведени од страна на Националното здружение за розацеа покажале дека повеќе од 90 отсто од пациентите со оваа дерматоза се изјасниле дека болеста ја намалува нивната самодоверба, додека 41 отсто избегнуваат јавен контакт или ги откажуваат социјалните ангажмани особено во периоди на влошување на клиничката слика.

    Розацеата е болест која трае со години и која доколку не се лекува има тенденција да се влошува со тек на времето. Таа честопати може да биде помешана со акни, алергиска реакција на кожата, себореа или друга кожна болест. Затоа, при појава на какво и да е црвенило на кожата на лицето, особено доколку тоа се повторува и трае, не треба да се користат креми на своја рака, бидејќи може да ја влошите состојбата со поголема иритација, туку пациентите треба да се јава на дерматолог. Тој ќе ја постави точната дијагноза врз основа на клиничката слика, добра анамнеза, микроскопско испитување за demodex и лабораториски тестови и ќе ви препише соодветна терапија.

    Моментално не постои лек за розацеа, но на располагање се голем број тераписки модалитети со кои состојбата успешно се контролира, а клиничката слика значително се подобрува. Клучот за успешно менаџирање на болеста лежи во континуирана долгорочна медицинска терапија и избегнување на потенцијалните тригер фактори.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.