Во совршениот свет, соновите би биле на она што го посакуваме во реалниот живот, би ни се „претурале“ пари, би имале маѓични моќи, би спиеле со најзгодните „парчиња“ кога и да посакаме. Наместо тоа, често сонуваме голотија во јавност, парализирање при опасност и секс со луѓе кои не би ги погледнале два пати во вистинскиот живот.

Последново е посебно вознемирувачко, особено ако нè тера да се запрашаме дали постои вистински копнеж што демне некаде во нашата потсвест. И после се чувствуваме збунети и засрамени кога ќе се сретнеме со субјектот на нашите еротски сонови, како да знаат за нивната водечка улога во нашите ноќни фантазии. Но, прашањето е, ако сме толку згадени од идејата да имаме секс со овие личности, зошто воопшто сонуваме секс со нив?

Скриеното посакување е една можност. Според Фројд, соништата се една форма на исполнување на желбите или, со други зборови, ги покажуваат нашите потиснати копнежи. Авторката Керол Камингс се надоврзува на Фројдовата теорија, дополнувајќи дека тие се здрави начини да се ослободи сексуалната енергија која е неумесно да се употреби во вистинскиот живот.

Но, постојат многу теории за интерпретација на соновите. Други, како Џилиан Холовеј, доктор на науки мисли дека постојат уште неколку фактори, три потенцијални причини, покрај несвесната желба за инспирирање секс соништа.

Првата укажува дека ваковиот сон може да ги претставува карактеристиките кои се обидуваме да ги развиеме во сопствените карактери. На пример, ако сонувате дека сте имале „жежок“ сон со Аце кој работи во соседната канцеларија, тип кој во реалниот живот е презабавен, но не ви е привлечен, возможно е да му завидувате на неговата смисла за хумор.

sex

Другата можност опфаќа сонување секс со човек од кој ви полазуваат морници. Овој сон сака да ве предупреди за некој лош избор којшто го правите во вашиот живот. Додека третата причина се однесува на основање друг вид на партнерство со субјектот на вашиот сон, како на пример бизнис врска.

Овие неколку „позадински“ причини укажуваат дека не секогаш во овие соништа се работи за секс. Можеби се само некој квалитет кој посакувате да го имате, или врска која е строго емоционална или професионална. Може да претставуваат и наши погледи кои ги игнорираме или запоставуваме. Или, едноставно можеби долго време сме немале секс и нашите либида „лудуваат“, праќајќи ни ноќен потсетник.

Заклучокот се сведува на тоа дека сè додека не сфатите која е причината за ваквите соништа, не ја угледате лекцијата која сакаат да ве научат, осудени сте да го гледате Аце од соседната канцеларија на начини на кои будниот Ти не би сакал да помисли!