Во секое семејство постои еден член кој се гордее поради својата изразита убавина. Овде го нема тоа – сите се убави, толку многу што се професионални модели. А, кога велиме сите, мислиме и на кучето.
Семејството Прајс од Бидфор во Велика Британија е заштитно лице на многу брендови, а нивните лица се гледаат од многу билборди ширум Велика Британија.
Семејството манекени го сочинуваат: мајката Ема (34), таткото Кристофер и децата Мили (6), Оскар (5), Мејси (2).
Толку се природно фотогенични што дури и кучето Виски повремено учествува во кампањите. Единствен член кој не учествува во тие активности е нивната мачка.
Се согласувате ли дека тие се најубавото семејство?