Во денешно време има интересен тренд – враќање на ретро модата и во технологијата.
Се поголем број луѓе сакаат да се вратат на испробаните и проверени постари модели на класични телефони со батерии кои траат до една недела. Лесни за ракување и докажано робусни во споредба со нивните „попаметни браќа“ – паметните телефони.
Ова е причината поради која старите модели на Нокиа, Моторола и Ериксон ја погодија лудата цена и до 1000 евра! „Има клиенти за кои цената не е проблем и имаме модели кои чинат над 1.000 евра.
Нивната цена е висока бидејќи во денешно време не е лесно да се најдат, вели Џесем Хадад, кој во 2009 година ја отвори страницата vintagemobile.fr.
Еден од најбараните брендови е легендарната финска Nokia. На пример, Nokia 8800 Arte Gold моментално чини 1.299,99 евра, додека обична Nokia 8800 може да се купи за 250.
Во почетокот Хадад мислеше дека нема да започне со овој бизнис, но минатата година продажбата значително порасна.
Во последните 2-3 години преку неговиот сајт се продадени повеќе од 10.000 стари мобилни телефони. Еве добар пример за тоа како да се ослободите од вашиот стар телефон и да добиете добра зделка за него.
Не пропуштајте ги овие неверојатни зделки: