6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ГС пред елиминација, Оклахома повторно го декласира шмапионот (видео)

Оклахома забележа уште една убедлива победа над Голден Стејт (118:94) и поведе со 3-1 во финалето во Западната конференција во НБА лигата. За пласман во финалето на Оклахома и е потребна уште една победа против актуелните шампиони, кои сезонава го срушија рекордот во регуларниот дел од сезоната со 73 победи и девет порази.

golden_state

Кошаркарите на Голден Стејт кои доминираа во регуларниот дел од сезоната, во разигрувањето поставија неколку негативни рекорди, прв пат сезонава загубија два натпревари по ред, а прв пат по 1972 година загубија две да натпревари во плејофот со повеќе од 20 кошеви разлика.

Четвртиот меч од финалната серија на Западот, Оклахома го реши уште во првото полувреме кога направи предност од 19 поени (72:53).

Оклахома стана првиот тим, по ЛА Лејкерс во 1987 година, кој во две последовни средби до полувремето постигнал 72 или повеќе поени.

Расел Вестбрук го предводеше тимот со 18-от „трипл дабл“ во кариерата (36 поени, 11 скокови, 11 асистенции). Покрај Вестбрук уште петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени: Дурент (26 поени, 11 скокови), Роберсон (17 поени, 12 скокови), Ибака (17 поени), Адамс (11 поени), Вејтерс (10 поени).

Стеф Кари одигра уште еден лош натпревар постигна само 19 поени, (6/20 од поле), а покрај него само уште двајца играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Клеј Томпсон (26) и Харисон Барнс (11 поени).

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.