6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ГС демантира дека играчите нема да одат кај Трамп

Новите шампиони во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, ги демантираа информациите дека го одбиле приемот кај претседателот Доналд Трамп. Клубот соопшти дека тие сè уште не добиле покана од Белата куќа.

„Сè уште не сме добиле покана, а одлуката ќе ја донесеме кога и доколку биде потребно“, соопштија од клубот.

Медиумите во вторникот ја пренесоа информацијата дека играчите на Голден Стејт на тајно гласање решиле да не одат на приемот кај контроверзниот американски претседател.

Голден Стејт пред две дена ја освои титулата во НБА лигата, втора во последните три години, откако славеа со 4-1 во финалната серија против Кливленд.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.