Убедливата победа на Голден Стејт над Денвер 125-101, првата сезонска побеа на Њу Орлеанс, триумфот над Лејекрси над Сакраменто и победата на Чикаго со Двејн Вејд над Мајами 98-95, се главните карактеристики од четирите натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Голден Стејт го декласира Денвер, а актуелниот вицепрвак победата ја обезбеди по првата четвртина кога стекна предност од 19 поени.
Стеф Кари го предводеше тимот со 33 поени, 5 скока и 7 асистенции, Клеј Томпсон постигна 19 поени, а Кевин Дурент 18, на кои придодаде 9 скока и 5 асистенции.
Дурент ја прекина низата од 72 натпревари на кои постигнуваше 20 и повеќе поени.
Њу Орлеанс, во деветтиот меч, стигна до првата сезонска победа. Ентони Дејвис постигна 32 поени, а Њу Орлеанс победи во Милвоки 112-106.
Чикаго славеше против Мајами 98-95, а во центарот на вниманието беше Двејн Вејд кој летово од Мајми се пресели во Чикаго.
Вејд мечот го заврши со 13 поени, 7 скока и 4 асистенции. Чикаго го предводеа Џими Батлер со 20 поени, односни Режон Рондо со 16 поени и 12 асистенции. Хасан Вајтсајд беше центрлан афигура кај Мајами со двоен ефект од 20 поени и исто толку скокови.
ЛА Лејкерс против Сакраменто ја запишаа петтата победа во деветтиот меч. „Езерџиите“ предводени од Лу Вилијамс (21 поен) славеа со 101-91