6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чии дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас. Денеска се очекува во попладневните часови да се одржи и гласањето на недвореба на грчката влада.

Дебатата во текот на вчерашниот ден беше тензична, Ципар на пратениците им порача дека одлучил да стави крај на 27-годишниот спор за името со Македонија и дека сака да ја искористи оваа огромна шанса и покрај политичката цена што би ја платила неговата влада.

Ципрас пред членовите на парламентот застана во одбрана на договорот за нормализација на односите со соседна Македонија.

Ципрас, како што пишуваат медиумите, се очекува да го добие потребниот број гласови и во тој случај тој ќе предложи ратификација на договорот со Македонија во следните неколку дена, бидејчи откако Македонија го исполни својот дел од договорот, го ратификува договорот и изгласа измени на Уставот за промена на името, топката сега се префрла во Грција.

Ципрас ги повика пратениците да гласаат за договорот од Преспа, посочувајќи дека демократијата ќе победи.

Лидерот на опозициската Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис го обвини Ципрас за, како што пренесуваат грчките медиуми ‘несреќно шоу’ кое имало за цел да го осигура опстанокот на неговата влада и да се усвои, како што рече Мицоткис ‘штетниот’ договор од Преспа.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.