6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Грчкиот парламент ќе гласа за договорот од Преспа

    Грчкиот парламент денеска ќе гласа за ратификување на договорот од Преспа. Расправата почна во средата, а гласањето кое требаше да се одржи вчера, беше одложено за денеска за да се остави повеќе време за дебата.

    Ратификацијата на договорот, според последната најава, би требало да се одржи во 14.30 часот по локално време.

    Во Атина веќе неколку дена се одржуваат протести против договорот.

    По жестоката дебата во парламентот, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, рече дека ратификацијата на Преспанскиот договор ќе биде историски чекор и ги осуди заканите и заплашувањата на пратениците кои го поддржуваат договорот.

    „Инерцијата, кукавичлукот и одложувањето резултираа со тоа што над 130 земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, ја признаа ФИРОМ едноставно како Македонија“, рече Ципрас.

    Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, рече дека Преспанскиот договор никогаш не требаше да биде потпишан и, секако, никогаш не требаше да дојде во грчкиот парламент за ратификација бидејќи претставува национален пораз.

    „Договорот од Преспа никогаш не требаше да биде потпишан и, се разбира, никогаш не требаше да биде донесен за ратификација во грчкиот парламент“, рече Мицотакис пред пратениците.

    Македонското Собрание во јули минатата година го усвои Законот за ратификација на Преспанскиот договор за решавање на спорот за името со Грција.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.