Група на тинејџери шетајќи по брегот на Сиетл пронашле куфер, а во него се наоѓале посмртни останки, по што веднаш повикале полиција.




Целата случка е снимена и споделена на „Тик-ток“, а полицијата во Сиетл соопштила дека во куферот се пронајдени човечки остатоци.
„Нешто трауматично се случи што ми го промени животот“ напишал корисникот на социјалната мрежа „Тик-Ток“




„Најдовме црн куфер, се шегувавме дека во него има можеби пари … но миризбата преовладуваше.




На снимката потоа се гледа како една девојка откако го отвора куферот, повикува полиција.




Полицијата го потврдила сомнежот, а уште една вреќа е пронајдена недалеку од тоа место.




Тинејџерите кога слушнале на вести, тогаш дознале за што се работи и што има во кесите.
Истрагата е сè уште во тек.