Со 53 гласа ‘за’ и 2 ‘воздржани’ се донесе дополнувањето на Законот за пратениците, со кој се предвидува пратениците што ќе имаат казна затвор од 6 месеци да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и сите други бенефиции.
Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да му се одземе пратеничката плата на Груевски, а воздржани беа Илија Димовски и Талат Џафери. Другите пратеници не гласаа.
Според пратеничката од СДСМ, Снежана Келевска, која е поднесител на ваквото дополнување на Законот за пратениците, овој закон е со цел сите пратеници да бидат еднакви и да не се повтори случајот со Никола Грувески.
Со новите дополнувања сега престанува да му тече платата на експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство.
Никола Груевски е осуден на ефективна двегодишна казна затвор во предметот на специјалното јавно обвинителство – „Тенк“. Груевски избега од Македонија во Унгарија во ноември и оттогаш не доаѓа во Собранието како пратеник.