6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Грешката која сите ја правиме со цел да заштедиме струја – целосно е погрешно

    Секој кој одлучил да заштеди на електрична енергија, почнал со одлуката редовно да ги гаси светлата во собите во кои не престојува во моментот.

    Тоа делува како сосема логична работа, но всушност е многу погрешно. Научниот труд објавен во весникот „Journal of environmental psychology” на кратко објаснува дека луѓето воопшто не знаат да проценат кој потрошувач најмногу влече струја.

    Луѓето со цел да заштедат секогаш тргнуваат од прекинувачот на светлото, а причина за тоа е нашата психа, бидејќи постојано ги допираме.

    „Компјутерите, прекинувачите на светло, телевизорот, шпоретот, тоа се работите со кои постојано сме во контакт и ги сметаме за најголеми потрошувачи. Од друга страна ретко ни паѓа на памет на оние кои сме и ретко во допир, а трошат најмногу, како бојлерот или печката “, вели професорот Ден Шлеј од Универзитетот во Охајо.

    „Сѐ на сѐ, доколку панично ги гасите светлата или телевизорот, нема баш нешто многу да заштедите иако мислите дека со тоа ќе допринесете во домашниот буџет. Наместо тоа, исклучете ја својата потсвест и големите потрошувачи на електрична енергија во домаќинството“ советува Шлеј.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.