Градоначалникот на Гдањск, Равел Адамович, кој синоќа за време на хуманитарен настан беше избоден се наоѓа во тешка здравствена состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пренесуваат тамошните медиуми.
„Пациентот е жив, но неговата здравствена состојба е многу лоша. Операцијата траеше пет часа, му дадовме многу крв. Повредите беа многу тешки. Тој има тешка повреда на срцето и стомакот. Наредните неколку часа се одлучувачки“, изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар за тамошните медиуми.
Pawel #Adamowicz, mayor of #Gdańsk city in Poland, is in serious condition after being stabbed on stage during a charity event.
Many are telling him to “hold on,” or #PawełTrzymajSię pic.twitter.com/Lp98Gxugqk
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) January 14, 2019
Жителите на Гдањск уште од синоќа масовно се одзваа на повикот на лекарите и локалните власти за донација на крв за 53-годишниот опозициски политичар, како и за останатите пациенти кои се сместени во истата боница, пишуваат медиумите и додаваат дека пред ординациите и утринава се забележани редици од луѓе кои доброволно се пријавуваат да донираат крв.