Долгонајавуваната мерка конечно стартува од први јули, граѓаните ќе добиваат поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност.
Преку нивните мобилни ќе се регистрира колкав промет тие направиле во маркетите и другите продажни места, врз основа на што ќе се пресметува колку пари ќе треба да им бидат вратени. Ова ќе важи за секој кој има над 15 години и важечка лична карта.
За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари. Кога пред изборите ја најави мерката Владата вети дека кај секое домаќинство годишно ќе се вратат до 500 евра. Пресметките говорат дека за да ја добие таа сума, семејството ќе треба за една година да потроши над 18 илјади евра.
Повратот најверојатно нема да важи за платените комунални сметки. Оваа мерка засега ја нема во ни една држава, своевремено кратко се спроведувала во Турција.
Извор: Telma.mk